Средбата Мицкоски-Таравари закажана за утре во 17 часот

 


Најавената средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари е закажана за утре во 17 часот.

Претходно премиерот Христијан Мицкоски рече дека најверојатно утре ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуална соработка со ДУИ на локални избори. За него, како што напомена, е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ.

-Таква средба ќе има следната недела, мислам дека е утре. Треба да го погледнам распоредот, но мислам дека е утре. На средбата јасно сакам да слушнам став дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Таравари и ДУИ дека во најмалку пет или шест општини, да не ги шпекулирам имињата, каде што тој ќе извади кандидати, ДУИ нема да има свои кандидати за градоначалници што прво значи себепонижување, како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене како претседател на Владата е неприфатливо, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев.

Тој и Таравари, дополни, како колеги во Владата имаат секојдневна комуникација.

04.05.2025 - 14:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега