Српската армија се подновува: Се очекуваат 80 Лазари и 112 Милоши

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека е нарачано производство на 80 оклопни возила „Лазар“ и 112 оклопни возила „Милош“. Тој изјави и дека се очекува доаѓање на важен систем од Руската Федерација кој се користи за електронско попречување.

Вучиќ при презентацијата на оружјето и воената опрема на Војската на Србија во касарната Топчидер рече дека се обезбедени средствата за 701 вооружен систем и дека мора да се најдат средства потребни за уште 853 системи од домашно производство, пишува Нова.рс.

„Го забрзуваме вооружувањето, што не е лесно финансиски, блиску сме до комплетирање, довршуваме некои други работи, заостанавме со возила на тркала во однос на соседите, имаме огромна предност со трасирани возила, го дополнуваме заостанувањето“, рече тој.

„Очекуваме важен систем од Русија што се користи за електронско попречување. Има уште нови системи што луѓето ќе можат да ги видат во Ниш за време на празниците“, истакна српскиот претседател. Генералштабот на српските вооружени сили на почетокот на јануари покрена иницијатива за повторно воведување на обврската за отслужување воен рок.

Генералштабот им предложи на српскиот претседател и на врховниот командант на вооружените сили воведување воен рок во траење до четири месеци. Задолжителниот воен рок во Србија беше укинат со одлука на државниот парламент во декември 2010 година, кога беше формирана професионална армија, со што се промени традицијата на служење воен рок, која во Србија постоеше во различни форми речиси два века.

30.01.2024 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега