Српската пејачка се правда за навредата кон Македонија: Откри зошто ја испеала така песната

 

Турбо фолк пејачката Теа Таировиќ, која е доста популарна во регионот и е редовна гостинка во нашата земја, ги изненади своите македонски обожаватели кога на настап во Благоевград, Бугарија го промени текстот на песната ,,Македонско девојче”. Наместо ,,Македонско” девојчето стана ,,Бугарско” во променетиот текст, а откако видео снимка од настанот се објави во етерот, Таировиќ се најде на мета на критики и обвинувања.

Позната како една од најплатените пејачки, која постојано објавува видео снимки на кои се гледа како публиката ја опсипува со бакшиш, посебно на настапите во Македонија, по случката со променетиот текст на песната, дел од јавноста и порача дека не заслужува да добие ниту денар бакшиш, ниту пак да доаѓа да пее кај нас.

По лавината од критики, таа се огласи со видео порака до Македонците, во која им порача дека ќе сними песна посветена на Македонија.

-Песната која се вика ,,Македонија” ќе се најде на мојот албум во април годинава. Со неа сакам да ви оддадам почит и благодарност за сета љубов која ја имам од вас.
Во Благоевград, Бугарија, ја пеев песната ,,Македонско девојче”. На настапот имаше и Бугари и Македонци. На крајот на песната, го променив текстот, и тоа значи само љубов! Искажување на почит, бидејќи има и други! Попрецизно, тој дел на текстот го пеев на една девојка во публиката која беше многу убава.

Не ме интересираат политичките случувања во било чија земја, ниту во вашата ниту во друга, јас сум позната по тоа што ги спојувам луѓето и ширам љубов преку песните – порача Таировиќ.

Таа е активна на сцената околу осум години. Минатото лето се појави експлицитно видео со неа, а потоа нејзини фотографии завршија и на страница за возрасни.
Тогаш српските медиуми пишуваа дека некој намерно поради одмазда ги објавил експлицитните снимки со пејачката, но тоа само уште повеќе и ја подигнало цената, како што своевремено се случи со Северина.

31.01.2022 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега