Српски доктор ја решава најголемата мистерија за коронавирусот: Зошто сите членови на едно семејство не се заразуваат
Иако коронавирусот со кој се инфицираа повеќе од 19 милиони луѓе во светот, исклучително лесно се шири и многу е заразен, забележани се голем број случаи во склоп на смејства каде еден член од домаќинството е заразен, а останатите не се, дека мажот се заразил, но не и жената, едното дете е заразено, а другото не.
Овој факт збунува многу, а експертите за Курир.рс велат дека количината на коронавирус честичките кои заразениот ги има во организмот, количината на пренесени вируси, разноликоста во генетичката основа и претходна тивка имунизација се само некои од можните причини поради кои некои лица нема да се инфицираат иако биле во близок контакт со заразен.
Коронавирусот не припаѓа на групата болести каде ској кој бил во контакт со инфицирани ќе се зарази. Тој не е сто отсто контагиозен како што се на пример морбилите, кај кои од 100 лица кои биле во контакт со болесн сите 100 ќе се заразат ако немаат имунитет и заштита.
Денес знаеме дека лице заразено со коронавирус за да пренесе инфекција, потребно е повеќе од еден милилитар респираторен секрет да има повеќе вирусни капки, односно вирусни честички. Второ, позната е инфективната доза, односно за некој да добие инфекција, мора да внесе во организмот барем 300 вириони, вирусни честички. Ако добиете една нема да се разболите, објаснува за Курир.рс д-р Драган Делиќ, инфектолог.
Додава дека тоа што членовите на семејството се во контакт, не значи дека сите ќе заболат. Контактот мора да биде близок, да трае некое време.
Тоа што се сите заедно во ист дом, не значи дека еден на друг си дишат во лице. За да се пренесат 300 вирусни четички, неколкаш се потребни неколку секунди, но тоа не е правило и зависи од многу други фактори. Сончевите зраци и светлото на пример, ја редуцираат инфективноста. А, се зависи и од имунитетот на другата личност, од нејзината реакција на инфекцијата, објаснува д-р Делиќ.
Додава дека не реагираме сите исто и не сме подложни на инфекции на ист начин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа