Српски медиуми: Коста сакал да си оди од псхијатриската установа, не го интересира како му е семејството

Масовниот убиец во основното училиште „Владислав Рибникар“, Коста Кецмановиќ (14), сака да замине во странство, пишуваат српските медиуми.

Тој повеќе од осум месеци е во психијатриска установа што ја обезбедува полицијата.

Она што ги остави сите вработени во шок е неговата желба и причина да сака да замине во странство.

– Коста не може да прифати да го помине животот во четири ѕида. Постојано се жали колку му е тешко и како не е во ред деновите да ги минува во една просторија, изолиран од сите случувања. Последно што побара е да замине во странство наведувајќи дека тамошните лекари сигурно ќе го пуштат дома – истакнува соговорникот за српска Република.

Тој не покажал каење со ниту една своја постапка.

– Единствено што го загрижува е кога и дали ќе ја напушти институцијата во која е со месеци. Ништо друго не го интересира, дури ни како се неговите родители, семејствата на децата и чуварите кои ги убил, не му е ништо важно освен тој самиот – вели извор од истрагата.

Да потсетиме, Коста на 3 мај лани во 08:40 часот упадна во основното училиште „Владислав Рибникар“ во кое и самиот учеше и од врата пукаше во Драган Влаховиќ, училишниот чувар, кој како последица на тоа почина.

Потоа уби три девојчиња кои случајно се нашле во холот на училиштето, а крвавото дивеење го продолжи во канцеларијата за историја каде уби шест ученици, а го рани наставникот по историја и уште пет други деца.

14.01.2024 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега