Српскиот епидемиолог Кон утрово предизвика бура реакции со својот статус: „Треба да се одлучиме што ни е поважно“

 

„Треба да се одлучиме...Дали ни се поважни масовните веселби или да ја држиме заедно епидемијата под контрола...Дали се позначајни организаторите на свадби, музичарите, продавачите на венчаници успешно да работат, спортските навивачи да присуствуваат на натпревари. дани ни се поважни масовните собирања и разните настани кои ги сакаме и во кои уживаме или ни се поважни животите на луѓето и чувањето на здравствениот систем на Србија?“, напиша епидемиологот д-р Предраг Кон утрово на својот Фејсбук профил и истиот момент ги „запали“ социјалните мрежи, предизвика бура реакции и ја подели Србија на тема како да се постапува.

„Дали ни се поважни патувањата од здравствената безбедност? Дали и кога е бесмислено да се ризикува поради собирањата кои денес со малку повеќе волја може побезбедно и поевтино да се организираат оналјн? Дали сме во состојба како друштво уште повеќе да се адаптираме, државата да помогне и на оние на кои досега не помогнала, а објективно не може поради епидемијата да го прави?

Треба да се одлучиме, дали е потешко да се спроведат мерките за задолжително носење маски или секојдневно да се погребуваат починатите од Ковид-19.

А, можеме заедно со многу повеќе разбирање и солидарност само со стрикно спроведување на мерките да го спречиме разорниот нов бран, пик, зголемување. Барем значајно да го ослабеме...Навистина зависи од нас.

И тоа нема да го решат поединци, владата, претседателот...Резултатите доаѓаат само со постојано разбирање и солидарност“, напиша Кон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2020 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега