Српскиот епископ Давид кој служеше литургија за патријархот Иринеј хоспитализиран со ковид-19
Епископот крушевачки Давид вчера е хоспитализиран со влошена здравствена сосотојба во ковид центарот „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, известува порталот нова.рс.
Се уште нема официјална потврда за состојбата на владиката Давид, но како што пишува овој српски портал, најверојатно е позитивен на ковид-19. При служењето на погребното опело во храмот ,,Св. Сава“ за патријархот Иринеј, било очигледно дека не се чувствува добро, па медиумите во Србија претпоставуваат дека тој најверојатно го служел погребното опело како ковид позитивен.
Досега од редовите на СПЦ од ковид 19 починаа 5 високо позиционери свештени лица, меѓу кои и патријархот Иринеј.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа