Српскиот музичар Ѓорѓе Давид учествувал во сообраќајката кај Табановце во која има една жртва
Рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвезда Гранда“, Ѓорѓе Николиќ, попознат како Ѓорѓе Давид, бил дел од сообраќајната несреќа синоќа на граничниот премин Куманово – Табановце. Во сообраќајката учествуваа три возила при што загина едно лице, а повеќемина се повредени.
Според пишувањата на српските медиуми, ЃорЃе Давид управувал со едното од возилата, има сомнеж дека и тој е меѓу повредените.
45-годишна жена која беше сопатничка во еден од автомобилите го загуби живтот, а четворица се повредени според официјалната информација од МВР.
Српсиот Информер пренесува и фотографии од лице место добиени од извор кој исто така бил дел од несреќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа