ССМ со повик за протест на 1ви Мај: Да бидеме гласни пред неправдата
Сојузот на синдкатите на Македонија (ССМ) на Денот на трудот – 1 Мај организира првомајски протест под мотото „Работниците се државата“.
Протестот, што ќе почне во 12 часот пред зградата на ССМ, се организира поради неправдите кон работниците.
-Сметаме дека покачувањето на функционерските плати за 78 проценти или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството!, порачува ССМ во повикот за учество на протестот.
Сите заедно, работници, синдикати, граѓани и синдикалци, истакнува Синдикатот, треба да застанеме и да покажеме единство и солидарност и да ги спречиме намерите и лошите владини политики.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа