Стаклото се крши - снимки од земјотресот во Мексико

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Куалута на длабочина од десет километри.

На социјалните мрежи почнаа да кружат првите видеа на кои се гледаат лустери како се нишаат на таванот додека луѓето седат во кафуле и со неверување гледаат што се случува.

На друга снимка се гледа скршеното стакло во излогот.

Засега нема информации за жртви и материјална штета

07.12.2023 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега