Стаменкоска Трајкоска: СДС остави пепел од држава, сега се покачуваат платите во сите области
На денешната седница за пратенички прашања во Собранието се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска која на самиот почеток истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја затекнала државата во катастрофална состојба од претходното владеење на СДС.
Пратеничката прикажа табеларен приказ од НБРМ каде јасно можат да се воочат директните странски инвестиции и како тие се одвивале во минатото.
„Пред не цела година, за промена на власта затекнавме пепел од држава уништена од неработење и крадење со интерес на владата на СДС и ДУИ, само за лично богатење. Наглото зголемување е од 2024 година но овие „дупки“ се од 2023 година, анализирајќи ги овие директни странски инвестиции во државата за изминатите години и ова намалување од 2023 година не тера на помислата зошто има толкава пасивност во неработењето на тогашната влада?“, истакна Стаменкоска Трајкоска.
Пратеничката упати прашање до премиерот Мицкоски и запраша:
„Со мартовската плата исплатена во aприл значително се покачија платите на вработените во здравството, образованието, безбедности а се исплати и линеарно покачување на пензиите, моето конкретно прашање е колку пари се обезбедија од буџетот за ова покачување и дали се има во план ова покачување да продолжи со што би се подобрил животниот стандард на граѓаните?“, запраша Стаменкоска Трајкоска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа