Старлетата во центар на скандал: Уапсена Ава Карабатиќ
Старлетата Ава Карабатиќ е приведена во Сплит, а против неа е издадена прекршочна пријава, бидејќи во пијана состојба го нарушувала јавниот ред и мир и ја навредувала полицијата.
Таа е осудена на парична казна од 748 куни затоа што во февруари годинава направила инцидент на скалите од зграда.
Како што пишуваат медиумите, старлетата во присуство на полицајци викала: „Сакате да ме ограбите“, за што е казнета.
-Иако полициските службеници дадоа предупредување, Ава продолжи да вика, поради што полицијата и станарите од зградата се чувствуваа непријатно. Полициските службеници на крајот ја привеле во просториите на Втората полициска станица. Таму била задржана до 1:25 часот следното утро, пишува хрватски портал.
Бидејќи се брои како да била приведена два дена, казната и е намалена за 600 куни. Така, Ава Карабатиќ е обврзана да плати само 148 куни. Доколку се спротивстави на наредбата може да биде построго казнета, ја предупредил судот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа