Старо верување: Две работи кои мора да ги имате на новогодишната трпеза

 

Јадењата што ги подготвуваме за Нова година и празниците носат со себе одредена симболика на среќа, напредок и благосостојба, па затоа треба внимателно да се изберат.

Старите народни верувања велат дека за новогодишната ноќ на вашата трпеза дефинитивно треба да има риба и грозје, а еве зошто.

Грозје

Грозјето, пред се, е симбол на здравје и сила, па затоа се препорачува после полноќ да изедете точно 12 зрна грозје, по едно за секој месец, за да бидете здрави секој месец во наредната година.

Риба

Бидејќи божиќните пости траат за новогодишната ноќ, рибата треба да биде на вашата трпеза. Покрај тоа, симболизира непречено движење, движење без препреки, па навестува лесна година во која целата работа ќе оди добро.

Покрај овие намирници, традиционални јадења на секоја празнична трпеза се главно салатата од зелка, печењето и колачите, а ако го почитувате божиќниот пост, се подразбира дека овие јадења ќе ги исклучите за време на новогодишната ноќ.

Секако, треба според вкусовите и желбите да изберете што ќе подготвите од јадењата за Нова Година и за претстојните празници, а ова можете да го сфатите само како старо верување до кое не мора да се придржувате.

28.12.2021 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега