Стигнуваат честитки од Хрватска: „Ќе ни напредува соработката со Мицкоски“

Во објава на социјалната мрежа X (поранешен Твитер), хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му го честиташе на Христијан Мицкоски неговиот избор за нов премиер на Македонија.

Пленковиќ изрази ентузијазам дека ќе се зајакнуваат билатералните односи помеѓу Хрватска и Македонија и дека натамошно ќе напредува напредува соработката помеѓу политичките партии ХДЗ и ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската народна партија (ЕПП).

Пленковиќ во објавата ја нагласува и важноста на регионалната соработка и споделените цели во рамките на ЕПП.

24.06.2024 - 19:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега