Стоилов исфрустриран: Некои играчи овде не ја сфаќаат големината на Вардар

Капитенот на РК Вардар исфрустриран од поразот од Мешков Брест (32-36). Вели дека некои играчи во тимот не сфаќаат што значи да си дел од Вардар.

-Сакам да му честитам на Мешков Брест за победата и му посакувам се најдобро во следната фаза. Тренерот на Мешков ме потсети што е проблемот во нашиот тим. На оваа конференција тренерот на Мешков кажа колку Вардар е специјален и како знае да направи кам-бек. И колку е голем. А, некои играчи кај нас не сфаќаат колку голем и специјален е овој клуб и го сфаќаат здраво за готово тоа што играат тука. Ова е најголемиот проблем овде. Тоа е она кое би сакал да го кажам, изјави Стоилов.

Вардар во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Веспрем.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега