Стојаноски: Од септември сите пензионери ќе добијат линеарно зголемување по 2 500 денари

 

Со ребалансот на Буџетот за 2024 година се обезбедуваат пет милијарди денари за пензиите или 2 500 денари плус за 300 000 пензионери. Од септември, сите пензионери линеарно ќе добијат по 2 500 денари и тоа нема да биде еднократна помош, туку системско решение со кое, вклучувајќи го покачувањето од дополнителните 2 500 денари во март догодина, секој пензионер ќе добие 5 000 денари, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Во текот на собраниската расправа, Стојаноски, кој подетално се осврна на проекциите, најави дека веќе се подготвува новиот буџет за 2025 година што ќе покаже однесување на сосема нова политичка елита чиј приоритет се граѓаните и стопанството.

-Овој ребаланс е доказ за катаклимизмичкото однесување на претходната влада и за епското крадење од народот. Со него само се обидуваме да ги прераспределиме слабо или нереализираните средства, да го дочекаме крајот на годината во што понормална состојба. Се подготвува нов буџет за 2025 година во кој ќе бидат внесени сите владини приоритети, а во фокусот ќе бидат народот и стопанството. Ќе го покажеме зенитот на однесување на новата политичка елита на која граѓаните и развојот на стопанството и се на прво место. Притоа, средствата ќе бидат наменети, пред се, за капитални инвестиции, истакна Стојаноски.

Тој потсети дека со ребалансот се предвидени и 100 милиони евра за општините, една милијарда денари за исплата во зоните, 322 милиона за ДИК, односно за исплата на одборите и медиумите, 644 милиони за студентски оброк и стипендии, 5,1 милијарда денаари за кредитни обврски на неколку претрпијатија, 600 милиони за исплата по судски решенија, 1,7 милијарди за субвенции, 550 милиони за ваучери за спорт,...

-Во Буџетот не биле вкалкулирани средства за плати на многу институции, ниту била до крај предвидена сумата за исплата на пензии, потенцира Стојаноски спортед кој новата Владата до крајот на годината планира да собере дополнителни 130 милиони по основа на приходи.

12.08.2024 - 16:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега