Стојановски: Градски превоз нема да има ако парцијално се донесе одлука или месец за месец

 

Претседателот на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје, Миќо Стојановски денеска изјави дека како ќе функционира јавниот превоз и како ќе се однесуваат вработените во ЈСП зависи од седницата на градското собрание, во која не се гласаат субвенциите за ЈСП и нивната судбина.

„Советниците веќе неколку месеци ја ескивираат и не ја носат одлуката за субвенционирање на буџетот. Ако денеска седницата заврши како што вработените сакаат, тогаш попладне и навечер, јавниот превоз ќе функционира нормално. Ако се донесе парцијална одлука, месец за месец, тогаш јавниот превоз нема да се одвива во Скопје“, кажа Стојановски.

Тој додаде дека и приватните превозници зависат од субвенциите кои градот ги дава кон ЈСП. На овој протест вели дека има околу 400 вработени во ЈСП, што смета дека е доволен број на луѓе кои го искажуваат незадоволството.

Градскиот превоз не функционира од 9 часот утринава, поради штрајкот на вработените за неисплатената плата за декември.

Членовите на Синдикатот кажаа дека исходот од вонредната седница на советниците ќе го чекаат пред просториите на Град Скопје, од што пак зависи дали ќе се нормализира одвивањето на јавниот градски превоз.

22.01.2024 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега