Стојкоски: Нема хемиска фабрика во Ѓорче Петров, Арсовска шири паника и создава хаос
Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, беше гостин во емисијата ,,За или против на телевизија Алфа“. Тој ги демантираше ставовите на градоначалничката на Град Скопје за наводна изградба на хемиска фабрика на територија на општина Ѓорче Петров, дополнително и ја објасни реалната слика на јавноста. Стојкоски додаде дека ова се обиди на градоначалничката на Град Скопје да создаде хаос меѓу граѓаните.
,,Жалам што сме сведоци на една таква ситуација. Како да е фиксирана за општината Ѓорче Петров, за разлика од некои соседни општини, каде што ни око не фрла, ниту па да најде забелешка. Работи, инвестира на други места додека пак во Ѓорче Петров не работи ништо“, вели Стојкоски.
Тој ја коментираше актуелната ситуација со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во контекст на шпекулациите на Арсовска за градење хемиски фабрики на територија на општина Ѓорче Петров, и дополни дека таа се обидува да создаде несигурност меѓу граѓаните.
,,Тоа што се повикува на изградба на некакви си хемиски фабрики, со тоа што сака да создаде чувство на несигурност во јавноста, сака да создаде чувство на паника помеѓу луѓето. Најодговорно тврдам пред целата македонска јавност дека на тој потег, ниту пак на било кој друг дел на територијата на општина Ѓорче Петров не постои локација на која што е предвидено или ќе се градат било каков тип на објекти од тешка индустрија“, кажа Стојкоски.
Стојкоски објасни дека според Законот за урбанистичко и просторно планирање таква класификација на хемиска фабрика не постои, а тоа треба да го знае Арсовска како градоначалник на главниот град во земјава.
,,Во планот СЗ 16 е план кој што спаѓа и е утврден согласно генералниот урбанистички план на Град Скопје и самото согласно со тоа не може да има било какви услови за изградба на хемиски или тешка индустрија или било што. На локацијата на која што се осврнува градоначалничката има една маркица, која што е намена Г2 а тоа е лесна и незагадувачка индустрија. И тоа треба да биде јасно на јавноста“, објасни Стојкоски.
Стојкоски напомена дека станува збор за веќе постоечки објект кој е на територија на општина Ѓорче Петров повеќе од 60-70 години, а и ги исполнува најстрогите еколошки нормативи и дополни: ,,Она што знам дека го направи за Ѓорче Петров во последните години, направи ненадоместлива штета која штета која што ние како општина во дел ја компензираме во делот на нефункционирањето на комунална хигиена, паркови и зеленило, водовод, и канализација на територијата на нашата општина“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа