Столтенберг: Поостри акции против руските шпиони во земјите на НАТО
Членките на НАТО се подготвени да преземат поостри акции против руските шпиони во земјите-членки на Алијансата, како одговор на кампањата на Москва со непријателски активности, кои вклучуваат акти на саботажа и кибер напади, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Видовме неколку примери на саботажа, обиди за палење, кибер напади, дезинформации“, изјави Столтенберг, додавајќи дека министрите за одбрана на НАТО ќе се фокусираат на „руската кампања на непријателски активности против сојузниците на НАТО“ на претстојниот состанок во Брисел.
Столтенберг рече дека министрите ќе разговараат и за опциите на НАТО да одговори на руските закани, вклучително и заштита на критичната поморска и кибер инфраструктура, како и „построги ограничувања за рускиот разузнавачки персонал во земјите на Алијансата“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа