Страшна несреќа: Прегазена жена во Скопје

 

Утринава во 7 часот и 26 минути жена била прегазена во близина на АМСМ на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во центарот на Скопје.

Патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки удрило во жената која била пешак по што таа е пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, потврдија од МВР за „Слободен печат“.

02.05.2025 - 10:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега