Страшна несреќа во Германија: Се судрија автобуси, спасувачки хеликоптер на терен
Во судир на два автобуса на јавниот превоз во градот Сарбрикен во западна Германија повредени се многу луѓе, меѓу кои и деца, соопшти полицијата.
Сè уште не е познат точниот број на повредени, ниту околностите.
Несреќата се случила околу 9 часот. На местото пристигнале полиција и брза помош.
Распореден е и спасувачки хеликоптер.
24.02.2025 - 14:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа