Страшни бројки – над 45.000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија

 

 

Бројот на загинати во разорните земјотреси на југот на Турција се искачи на 39.672, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, а пренесува агенцијата Анадолија.

Во соседна Сирија, која претходно беше уништена од дванаесетгодишната граѓанска војна, досега во земјотресот животот го загубија повеќе од 5.800 луѓе.

Со тоа бројот на жртви во двете земји достигна 45.472.

Ниту Турција, ниту Сирија не објавија колку луѓе се уште се водат за исчезнати по земјотресот.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Турција на 6 февруари, со епицентар во Кахраманмарас, а бројни спасувачки тимови се уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

17.02.2023 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа