Страшно злосторство го потресе регионот: Убиен монахот Стефан - крв насекаде во манастирот

 

Осомничениот Драган Ш. после убиството на монахот Стефан, украл пари од манастирот Глоговац, а наводно биле украдени 50 евра.

Според сознанијата на медиумите, монахот бил убиен со два убоди од нож, еден во градниот кош и еден во близина на срцето.

Ова страшно злосторствот се случило во трпезаријата, објект пред манастирот, каде тие наводно претходно вечерале.

После убиството, осомјничениот избегал во Бања Лука со соучесникот кој го чекал во близина.

 

Полицијата успеала да го пронајде возачот, кој утрово бил донесен во манастирот, но тој се правдал дека не знае ништо за убиството.

Откако бил избоден, монахот се јавил кај друг монах и кажал дека крвари.

Монахот веднаш дошол во конакот, каде го затекнал отец Стефан, кој наводно открил кој го убил.

На местото на убиството има многу крв, пишуваат српските медиуми, по ѕидовите, по тепихот и јорганот.

Убиецот наводно имал проблем со дрога, поради што доаѓал во манастирот на лекување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега