Страв и паника во дворецот Виндзор: Кралицата Елизабета и останатите членови од кралското семејство се плашат од новиот потег на Хари
Принцот Хари оваа година треба да ја промовира својата книга во која вети дека ќе ја изнесе вистината за својот живот, а членовите од неговото семејство се во страв од тврдењата кои ќе бидат изнесени во неа.
Според странските медиуми, принцот Хари оваа година би требало да ги објави своите со нетрпение очекувани мемоари, а еден од кралските експерти смета дека поради промоцијата тој и Меган Маркл би можеле да изнесат некои нови шокантни тврдења за времето поминато во кралското семејство.
Во следните 12 месеци членовите на британското кралско семејство ќе бидат доста зафатени, не само затоа што кралицата ќе го прослави платинестиот јубилеј, туку оваа година ќе биде клучна за принцот Хари, кој ќе ја објави единствената вистина за својот живот.
Веста дека ќе објави книга, наводно предизвикала голем страв кај членовите на кралското семејство, но датумот на објавување сè уште не е објавен и не е потврдено што точно ќе има во книгата.
Но, според „Mirror“, се шпекулира дека таа би можела да зборува за врската меѓу Хари и неговиот татко, принцот Чарлс и неговиот брат принцот Вилијам, за тоа како тој го напуштил кралското семејство и за наводниот расист од дворецот.
А според кралскиот експерт Кејти Никол, Хари и Меган планирале да откријат уште неколку сочни детали кои би можеле да предизвикаат дополнителна тензија во дворецот.
„Книгата без сомнежи ќе биде полна со поинтимни и пошокантни откритија, бидејќи Хари немаше да добие неколку милиони фунти аванс без да вети некои сочни детали. Мислам дека Хари и Меган ќе имаат внимателно осмислена промоција, која ќе ја направат неколку месеци пред да биде објавена книгата. Ќе има уште шокантни нови тврдења, можеби најголеми досега. Сигурна сум дека кралицата е многу загрижена поради тоа и дека членовите на кралското семејство мора да бидат подготвени на сè“, изјавила Кејти за магазинот „Closer“.
Хари ја најави својата книга уште минатата година и вети дека таа ќе биде вистинска и целосно точна приказна за неговиот живот.
„Ова не го пишувам од перспектива на принц, туку како човекот што станав. Носев многу капи низ годините, буквално и фигуративно, и се надевам дека раскажувајќи ја мојата приказна, низ подемите и падовите, грешките и научените лекции, ќе покажам дека без разлика од каде доаѓаме, имаме повеќе заедничко од што мислиме“, рекол тогаш.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа