Стрип културата живее во Велес: Над 100 стрипови изработени за изложба

 

Локалната  Библиотека „Гоце Делчев ‘ од Велес  во среда, 14.12.2022 г беше домаќин на организирањето на завршната изложба од  Грантот „За нашите соседи и пријатели“, финансиран од страна на Проект на УСАИД  за инклузија на ромите и имплементиран од страна на Ромалитико – Институт за истражување и анализа на политика.

 За време на отварањето на стрип изложбата присутните ученици од основните училишта ,коишто масовно беа присутни , имаа можност да ги погледнат стриповите и да научат повеќе за нив.

Томе Трајков  -координатор на Грантот  и Стрип центар на Македонија Велес, рече дека преку 100  стрипови се изработени за време на конкурсот објавен од страна на Стрип центарот на Македонија – Велес.  На стрип изложбата, денеска,  пред присутните беа доделени  дипломи и благодарници на дел од учесниците на конкурсот.

Да се потсетиме на наградените

КАТЕГОРИЈА ученици СРЕДНИ УЧИЛИШТА 

·        

1 место: Ангела Петрушевска, Скопје

·        

2 место: Тамара Мишовска, Скопје

·        

3 место: Анастасија Недељковска , Куманово

·        

НАЈДОБАР ЦРТЕЖ: Емран Арифов ,Радовиш

·        

НАЈДОБРО СЦЕНАРИО: Елена Апостоловска, Скопје

·        

СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА од Стрип центар на Македонија: Хасина Абдули, Гостивар

Од категорија Ученици во ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ:

·        

1 место: Вилма Дамњановска, општина Петровец,Скопје

·        

2 место: Aндова Меланија, Велес

·        

3 место: За стрипот „НЕ ОСУДУВАЈ“ на авторите: Анастасија Петровска – цртеж , Христина Здравковска – цртеж и Бојана Георгиева -текст  

·        

НАЈДОБАР ЦРТЕЖ: Матеј Богатиновски, Велес

·        

НАЈДОБРО СЦЕНАРИО: Кристина Мишкова, Велес

Како дел од грантот , издаден е и каталог во тираж од 400 примероци каде , освен избрани стрипови по ученичкиот конкурс е објавен и наменски стрип ,овојпат нацртан од афирмираната  стрип авторка Славица Купенкова од Скопје.  Таа беше и член на жири комисијата  а лани беше прогласена за најдобар стрип дебитант, а годинава освои специјално признание на Интернационалниот стрип фестивал во Брашов. Според неа може да  се каже дека учесниците во конкурсот покажаа разбирање, свесност и чувствителност  Моќта на емпатијата кај децата и младите е силна и не е сочувство или сожалување, туку чувство дека можеме вистински да ја разбереме длабочината на емоционалната состојба и ситуација на друга личност.

Нема ништо поисполнето за децата од тоа да можат да се изразат отворено и без осудување. Креативната активност на детето може да им помогне на родителите и наставниците да научат повеќе за тоа што детето можеби мисли или чувствува. Треба да се ценат  напорите на децата во креативниот процес, особено кога тоа подразбира „одење километар во туѓи чевли“, со цел да се разбере животот и состојбата на таа личност. Славица Купенкова го изработи стрипот за проектот кој се најде во каталогот. ... изјави Купенкова!

15.12.2022 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега