Судијата го одби барањето на Амбер Херд за поништување на судењето за клевета
Судијата во средата го отфрли барањето на Амбер Херд случајот за клевета, кој ги вклучува неа и нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, да се прогласи за поништен.
„Нема докази за измама или погрешно постапување“, наведува судијката Пени Аскарте во судскиот документ, како што пренесува „Вашингтон пост“.
Адвокатите на Херд не одговорија на повикот на весникот за коментар.
Деп ја тужеше Херд и бараше отштета од 50 милиони долари поради авторски текст од 2018 година, во кој таа се опишува себеси како „јавна личност што застапува семејна злоупотреба“ (без да го спомене Деп по име). Херд во меѓувреме поднесе контратужба откога поранешниот адвокат на Деп, Адам Валдман, ги нарече нејзините наводи измама.
Нему му беа доделени 15 милиони долари, сума што потоа беше намалена на 10,3 милиони долари бидејќи законот во Вирџинија ја ограничува казнената отштета. Херд доби 2 милиона долари кога поротата утврди дека Валдман ја наклеветил Херд, една од трите точки во нејзината противтужба.
Претходно овој месец, адвокатите на Херд поднесоа барање за поништување на судењето поради повеќе фактори, вклучително и нивното тврдење дека еден од седумте поротници, всушност, не бил лицето повикано на должност порота во април. Адвокатите тврдеа дека списокот на поротници вклучувал „некој што во тоа време би имал 77 години“, но дека присутниот поротник бил 52-годишник со исто име, кој живеел на иста адреса.
Судијката е децидна во својот одговор на барањето за ново судење.
„Поротникот беше проверен, заседаваше заедно со другите во текот на целиот процес. Поротата расправаше и донесе пресуда“, напиша судијката Аскарте. „Единствениот доказ пред овој суд е дека овој поротник и сите други поротници ги почитувале своите заклетви, инструкции и наредби на судот. Овој суд е обврзан со надлежната одлука на поротата“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа