Судот му одреди 30-дневен притвор на таткото на 13-годишниот убиец Коста

 

Вишиот суд во Белград на таткото на момчето кое уби осум ученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ му одреди 30-дневен притвор, соопшти судот.

Притворот му е одреден меѓу другото и поради тоа што за кривичното дело кое што му се става на товар е предвидена казна затвор над десет години…

Од Вишото јавно обвинителство во Белград претходно соопштија дека „постои сомневање дека тој, синот го обучувал за ракување со огнено оружје и муниција така што го однел во стрелачки клуб да вежба гаѓање и покрај тоа што детето има 13 години и таквата активност и обука очигледно не се соодветни за неговата возраст“, изјавија од оОбвинитеството.

Дополнително, тој не обезбедил ниту услови за безбедно сместување и чување оружје и муниција во својот дом.

05.05.2023 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега