Судот одлучи: Ѓоковиќ ќе биде депортиран во Србија
Со едногласна одлука беше поништена визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, што значи дека тој нема да добие можност да ја игра на Австралија опен.
Ова е конечна одлука, па адвокатите на српскиот ас немаат право на жалба. Ѓоковиќ ќе мора да ја напушти земјата.
Во петокот визата на Ѓоковиќ по вторпат беше укината. Овојпат австралиските власти го добија тоа што го посакуваа и му ја скратија шансата на 20-кратниот Грен слем шампион за нова титула во Мелбурн.
Србинот доби медицинско ослободување бидејќи кон средината на декември потврди дека имал коронавирус. Потоа во средата призна дека ги прекршил правилата за изолација, бидејќи бил дел од едно интервју, знаејќи дека е позитивен.
Ова ќе донесе измени во ждрепката на Австралија опен, каде Ѓоковиќ беше поставен за прв носител.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа