Сведоштво на преживеан во железничката несреќа во Грција: „Мислев дека живи ќе изгориме во вагонот”

 

„Мислев дека живи ќе изгориме во вагонот. Мислев дека нема да излезам жив“. Со овие зборови, 28-годишниот Стергиос Минаемис го опишува моментот на судирот на двата воза во областа Евангелизам, во близина на Лариса.

„Го видов пламенот, вагонот беше исполнет со чад, не можев да видам ништо околу мене и наеднаш здогледав светлина од скршен прозорец и ги алармирав другите да излезат. Не знаевме како и каде ќе застане вагонот“, вели младиот човек, кој се лекува во болницата АХЕПА. Со лузните на лицето кои сведочат низ што поминал, шокиран од трагедијата, вели дека е чудо што останал жив.

„Пожарот избувна покрај скршеното стакло. Гореа каблите и излегуваше црн чад. Кога излегов, скокнав врз урнатините. Ги газев и сè уште беа топли од ударот. Првата слика што ја видов беше човек паднат пред мене. Не знаевме што се случи, дали возот се судри, дали удривме животно“, раскажува тој.

Стергиос го изгубил мобилниот телефон за време на трагичната несреќа и откако излегол жив, вели дека барал начин како да ги извести родителите.

28-годишникот е по потекло од Волос, но работи во Солун и многу ретко патувал со воз, пренесуваат грчките медиуми.

02.03.2023 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега