Сведоштво на Украинка: Русите ми ги ставаа рацете во жешка вода, ноктите ми ги вадea, бев жив мртовец
На Украинците заробени во Херсон рацете им ги ставале во врела вода, ноктите им ги ваделе, а гениталиите им ги приклучувале на струја, покажуваат новите извештаи за систематското мачење за време на руската окупација. Главниот обвинител за воени злосторства во Киев, Јуриј Белоусов, вели дека се добиени повеќе од 50.000 пријави за воени злосторства, од кои околу 7.700 се од Херсон и околниот регион, пишува Телеграф.
Инспекторите открија 10 локации во областа околу Херсон кои Русија ги користела за приведување и мачење Украинци. Неколкуте жители кои останаа во Херсон за време на речиси деветмесечната окупација претрпеа полициски час, недостиг на храна, партизанска војна и брутална кампања да се принудат да станат руски државјани.
Серијата интервјуа објавени од новинската агенција „Ројтерс“ укажуваат на маките и страдањата на оние кои се изложени на најлош третман од страна на московските сили. Оксана Миненко (44), сметководителка која живеела во Херсон, постојано била приведувана и мачена од руските војници.
Таа го загуби својот сопруг, украински војник, кој загина на првиот ден од руската инвазија бранејќи го градот Антоновски мост. Иако нејзиниот сопруг починал, Миненко била подложена на брутално испрашување додека Русите се обидувале да извлечат детали за украинската војска.
„Една болка доведе до друга“, рече Миненко, опишувајќи како Русите ѝ ги потопувале рацете во врела вода, ѝ ги ваделе ноктите и ја тепале. Оваа 44-годишна жена била толку тешко повредена што морала да направи пластична операција и имала среќа да не го изгуби окото.
„Бев жив леш“, им рече таа на новинарите во импровизираниот центар за хуманитарна помош.
Андриј Коваленко, главен обвинител за воени злосторства на регионот Херсон, рече дека „ова е направено систематски и исцрпно“ за да се извлечат информации за украинската војска. Коваленко (35) бил подложен на исцрпувачки петдневен притвор во август минатата година, изјави тој за „Ројтерс“.
Русите го принудиле да се соблече и му давале електрошокови на гениталиите и ушите.
„ Тоа е како топка да ви лета во главата и да се онесвестите“, рече Коваленко, додавајќи дека мачители го испрашувале за воените дејствија на Украина и складирањето оружје и експлозиви, сомневајќи се дека е член на партизанското движење на отпорот.
Инспекторите откриле еден од најголемите објекти за притвор во областа во внатрешноста на владината зграда. Според украинските власти, се знае дека повеќе од 30 лица биле држени во една соба во подрумот. На ѕидот биле врежани пораки од жртвите, а на една пишувало: „ Живеам за неа“. Десетина жители на Херсон тврдеа дека биле држени во друг објект, кој се користел за тортура и испрашување, полициска зграда која локалното население ја нарекува „дупка“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа