Свештеник во САД нарачал убиство на момчето на својата ќерка

 

Уапсени се двајца мажи во САД поради обид за убиство. Еден од обвинетите е свештеник од Викторвил, Самуел Пасиљас (47), кој наредил убиство на момчето на неговата ќерка.

Се вели дека Пасиљас, им платил на убијците речиси 40.000 долари и дал инструкции каде да ја најдат жртвата.

Хуан Мануел Себрерос и уште еден маж со недели го следеле момчето, пред да го застрелаат додека истиот бил во возило на 21 октомври.

Момчето успеал да остане свесен и откако бил ранет, сам се превезол во болница. Тој го преживеал нападот и сега се опоравува од тешките здобиени повреди.

Свештеникот бил уапсен минатата недела под сомнение за поттикнување убиство, заговор за убиство, обид за убиство и напад со смртоносно оружје. Тој се изјасни за невин по сите обвиненија, пренесуваат локалните медиуми.

20.03.2024 - 15:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега