Свештенк во Бејрут држеше служба, а оддеднаш се започна да се тресе- вистинско чудо е што остана жив (ВИДЕО)

Во престолнината на Либан, Бејрут вчера се случи страшна експлозија која остави катастрофални последици. Загинаа над 100 лица, а повредени се повеќе од 4000.Дел од градот е гелосно разрушен, а спасувачите трагаат по преживеани, додека пак болниците се полни.

На  пристаништето во Бејрут експлодирале 2.750 тони зачуван амониум нитрат, што доведе до катастрофа со невидени размери, пренесуваат светските медиуми.

Снимките и фотографиите од повредените лица и разрушениот град го обиколија свет, а на социјалните мрежи кружи видео кое е снимено за време на службата во христијанска црква во моментот на експлозијата.

Прво сè се тресеше, снема струја, а потоа сè започна да пука. Свештеникот кој ја одржуваше службата се обиде да избега, но дел од витражот падна врз него.

Во коментарите на Твитер, можете да прочитате дека свештеникот е за среќа добро.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега