Светот тагува: Познат турски актер и неговата сопруга загинаа во земјотресот
Турскиот актер Чaдаш Чанкаја, кој е најпознат по улогата во телевизиската серија „Основачот: Осман“, и неговата сопруга Зилан Тигрис загинаа во разорните земјотреси во Турција. Тажната вест ја потврди неговата продукциска куќа „Боздаг филм“.
-Многу сме тажни поради загубата на Чаaдаш Чанкаја, ценетиот актер од нашата серија ‘Основачот: Осман’, и неговата сопруга, музичарката Зилан Тигрис во катастрофалните земјотреси, кои нè повредија сите нас, велат од „Боздаг филм“.
Според написите во турските медиуми, нивните тела биле пронајдени под рушевините на деветкатница во станбен комплекс во градот Дијарбекир.
Како потсетување, во разорниот земјотрес што ја погоди Турција загина и актерката Емел Атичи, која го толкуваше ликот на Сермин во серијата „Горка земја“. Актерката загина во Адана, а во земјотресот загина и нејзината ќерка Ханде Пурјан Атичи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа