Светска програма за храна: Само неколку пекари повторно прават леб во Газа
Светската програма за храна на ОН соопшти денеска дека само „неколку пекари“ во Газа повторно почнале да прават и дистрибуираат леб откако Израел дозволил камиони со помош да влезат во Појасот.
„Неколку пекари во јужна и централна Газа... го продолжија производството на леб откако десетици камиони конечно успеаја да соберат товар од граничниот премин Керем Шалом и да го достават“, се вели во соопштението на Светската програма за храна.
„Тие пекари сега се оперативни и дистрибуираат леб преку кујни за топол оброк“, се вели во соопштението.
22.05.2025 - 23:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа