Свршувачката ја прославиле со „пиење крв еден од друг“ - Меган Фокс кажа „да“
Актерката Меган Фокс (35) и музичарот Мачин Ган Кели (31) се свршија во романтичен амбиент по година и пол врска.
Атрактивната бринета по која воздивнуваат многу обожаватели, на социјалните мрежи објави интимно видео на кое се гледа како музичарот ја запросува, а таа се согласува.
Актерката под објавата напиша опширен опис во кој истакна дека свршувачката ја прославиле со „пиење крв еден од друг“.
На видеото што го објавија се гледа како Кели клечи на едно колено пред Меган, додека таа зачудено го гледа. Набргу потоа и таа клекна на колена, а потоа кимна потврдно, а тој и стави веренички прстен на раката.
– Во јули 2020 година седевме под ова дрво. Баравме магија. Бевме свесни за болката со која ќе се соочиме во толку краток, избезумен временски период – започна таа во описот под објавата.
– Несвесни за работата и жртвите што ги бараше од нас, се опивме од љубов. И карма. Година и пол откако заедно минавме низ пеколот и се смеевме повеќе отколку што мислев дека е можно, тој ме праша дали сакам да се омажам за него. И како и во секој живот пред овој, и како и во секој живот што следи, му реков „да“ – напиша Меган, па додаде:
– И тогаш си ја испивме крвта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа