Таа е најлош ноќен кошмар за секој готвач - Викторија Бекам откри што јаде, луѓето зачудени
Откритието дека омилениот оброк на Викторија Бекам е сол на тост од леб од цели зрна пченица ги шокирало нејзините обожаватели. Во едно гостување во подкаст таа признала дека некогаш им била најлошиот кошмар на рестораните.
Поради оваа изјава, се појавиле опасни критики на социјалните мрежи и многумина се прашуваат зошто си го прави тоа на себе.
„Се обложувам дека времето за ручек е забавно во нејзиниот дом. Среди се девојко и почни да живееш на работ додека јадеш грав“, е еден од коментарите.
За време на подкастот, поранешната Спајсица опишала дека претпочита да јаде препечен леб со малку сол или евентуално зеленчук на пареа со оцет балсамико.
„Тоа е тој јаглехидрат поради кој се чувствувате удобно, а јас обожавам сол“, рекла Бекам.
Викторија во својата исхрана задолжително ги раздвојува намирниците богати со јаглехидрати од оние што се полни со протеини.
„За повеќето ресторани, јас сум веројатно најголемиот кошмар. Обожавам зеленчук готвен на пареа. Сакам намирниците да се готват на многу едноставен начин. Не сакам масла, путери или сосови“, открила таа.
Зборувајќи за својата необична диета, таа изјавила дека дури и Гордон Ремзи, кој им е многу добар пријател на Бекамови, рекол дека никогаш нема видено некој што е толку дисциплиниран во поглед на исхраната.
„Сакам да се напијам нешто со вечерата и можам да станам многу добар гостин“, тврди Викторија.
Позната по беспрекорната линија, таа изјавила дека секојдневното вежбање ѝ станало рутина.
„Секој ден вежбам – тоа го гледам како миење заби, тоа е нешто што се подразбира дека треба да го правиш. Обично, прво трчам на трака за трчање, по што следи тренинг според програмата на мојот тренер“, рекла таа.
И трчањето е нејзината омилена кардио-активност, па така речиси секој ден истрчува осум до десет километри. Викторија обожава и јога, па вежба според програмата yogalosophy.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа