Таа има 29 години, а тој 80: Студентка се омажила за старец -„Многу е внимателен“

 

Студентот по право Терзел Расмус (29) од Јужна Африка се омажи со пензионерот Вилсон Расмус (80) и тврди дека нивната љубов е „сурова и убава“ и покрај 51-годишната разлика и признава дека не се обидува да биде мајка на неговите скоро 30 години постари деца.

Двајцата се запознале во 2016 година на настан организиран од локалните весници и лудо се вљубиле и покрај фактот што внуците на Вилсон се врсници со Терзел, пишува „Дејли меил“.

„Вилсон буквално влезе во мојот живот“, рече таа за Дејли Меил.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Terzel Rasmus-Williams (@terzelrwilliams)

"Се запознавме на прославата на локалниот весник , каде што фотографирав. Кога завршив со работа, седнав да се одморам и тој ми пријде преку подиумот и ме праша дали може да седи до мене. Оттогаш не се разделивме, додаде таа.

Мајката на Терзел, која е 24 години помлада од Вилсон, им го дала својот благослов, како и сега починатиот татко на Терзел. Двојката се венчала следната година, а 56-годишната ќерка на Вилсон била сведок на церемонијата.

„Вилсон е внимателен љубовник и една од предностите на нашата врска е што не морам да им изигрувам маќеа на неговите ќерки затоа што тие се скоро 30 години постари од мене“, вели Терзел и додава дека нејзината врска со Вилсон е нејзината прва сериозна љубовна врска.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Terzel Rasmus-Williams (@terzelrwilliams)

.

Првата сопруга на Вилсон, Нели, која починала во 2002 година, била неговата прва сериозна врска, а по нејзината смрт тој не излегувал со други жени се додека не ја запознал Терзел. Само се надевал дека ќе најде личност која ќе се грижи за него на старост.

Двојката ужива и се надополнува еден со друг, а единствениот проблем, вели Терзел, е што таа често мора да му објаснува на Вилсон како работи денешната технологија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Terzel Rasmus-Williams (@terzelrwilliams)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2021 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега