Таблоиди навестуваат крај на љубовта меѓу Кејт Мос и грофот Фон Бизмарк

 

 

Дали е сè готово за супермоделот Кејт Мос и грофот Николај фон Бизмарк?

Партнерот на британската манекенка, со кој е во долга врска, е фотографиран како пристигнува назад во хотел со поранешната девојка на Хари Стајлс, Камил Роу.

Фотографијата предизвика шпекулации за наводен крај на осумгодишната романса.

Николај и Кејт одбија да дадат коментар на прашањето дали сè уште се заедно.

Кога Кејт Мос го лансира својот велнес-бренд „Космос“ минатиот септември, нејзиниот свршеник, уметнички фотограф Фон Бизмарк, ѝ беше при рака за поддршка.

А во средата Бизмарк (36), кој е со Мос (49) од 2015 година, беше виден како се враќа во својот хотел во Париз со француската манекенка Камил Роу (33).

Камил претходно беше во врска со Хари Стајлс, а пред тоа со Девендра Банхарт и Ендрју ван Вингарден.

 

06.07.2023 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега