Тајгер Вудс тешко повреден - се превртел со автомобилот

Тој се здобил со повеќекратни повреди на нозете и од уништениот автомобил бил извлечен со помош на противпожарните служби и лекарите пред да биде префрлен во болница со амбулантно возило.

-Тој е на операција откако претпел повеќекратни повреди на нозете, соопшти неговиот агент Марк Стајнберг.

И автомобилот со кој управувал е тешко оштетен.

Ова не е прва сообраќајна несреќа на Вудс. Несреќа доживеа и во 2009 година, која беше вовед на бројните проблеми во приватниот живот. Пред 4 години, пак, беше уапсен зашто возел пијан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега