Тајланд ја ограничува употребата на марихуана

 


Тајландското Министерство за здравство предложи нов закон со кој ќе се регулира производството на канабис и ќе се ограничи употребата на марихуана првенствено за здравствени и медицински цели, објавија денеска локалните медиуми.

 

Според нацрт-законот, употребата на марихуана ќе биде дозволена за медицински третмани и истражувања спроведени од државните агенции на Тајланд, како и во храна и козметички производи, пренесува ВНА.

Секој што користи канабис или негови екстракти за други цели, освен оние наведени во законот, ќе биде казнет до 1.800 долари.

23.09.2024 - 15:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега