Таравари ги посети Борис и Мартин во Истанбул - Каква е состојбата на момчињата повредени во Пулс
Министерот за здравство, Арбен Таравари, викендов беше во посета на двајцата млади пациенти од трагедијата во дискотеката „Пулс" во Кочани, кои се лекуваат во болницата Чам во Шакура, Истанбул.
Борис и Мартин кои имаат по 21 година, се во тешка но стабилна состојба.
- „Останати се двајца пациенти, Борис и Мартин, имаат по 21 година имаат. Во тешка состојба се, но доста стабилна, јадат сами, тука се со своите родители. Јас би сакал да изразам јавно задоволство до целата болница кои дадоа допринос за најтешките пациенти бидат третирани тука“, рече Таравари од Истанбул.
За жал, во страотниот пожар кој е една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија, загинаа 62 лица.
Преку 200 се повредени и се лекуваат во земјава, регионот и странство. Дел од нив веќе се пуштени дома.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа