Таравари: Нема да дадам оставка
Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска на прес-конференција откри дека не планира да си поднесе оставка од министерската фотелја по трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, а над 160 се повредени и се лекуваат во земјава, регионот и странство, откако пожар избувна во дискотеката Пулс.
- Утрово се разбудив со 50 пораки со прашања дали ќе поднесам оставка, но фокусиран сум на работата во министерството за здравство, рече Таравари на прес-конференција.
Вели односите меѓу партнерите во коалицијата се добри, стабилни и продолжува и на 1-ви, и на 2-ри и на 3-ти и на 5-ти април да ја врши функцијата министер за здравство.
- Повеќе сум фокусиран на работите кои што се важни за пациентите. Пред се и над се, за мене како министер за здравство е важна добрата состојба на овие пациенти од Кочани, меѓутоа и генерално на сите пациенти во државата“, изјави Таравари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа