Таравари: Ни фалат 1.000 лекари

 

Најмалку 1.000 лекари недостасуваат во македонското здравство, вели министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој најавува вработување на 600 приватни специјализанти, како и изнаоѓање решение и за 1.200 здравствени работници ангажирани со договор на дело

– Минимум 1.000 лекари ѝ се потребни на Македонија итно и неодложно, барем до крајот на наредната година – вели Таравари во изјава за Глас на Америка.

Тој нагласува дека за надминување на оваа состојба било донесенo и владино решение за вработување на 600 приватни специјализанти. Триста од нив дo крајот на оваа година, и уште триста наредната година.

-Кои се потенцијални кандидати да избегаат од државата. Се надевам дека ќе изнајдеме решение идната година освен 300 специјализанти, да вработиме околу 300-400 доктори, со што ќе имаме некаква одржливост на болниците особено во внатрешноста на државата – вели Таравари.

Таравари очекува до крајот на годината да се реши статусот и на уште 1.200 други здравствени работници, од кои некои и по 10 години години работат со договор на дело. Со тоа вели дека ќе се направи голема работа за здравствениот систем.

На годишно ниво, според лекарската фела си заминуваат околу 250 лекари, но и друг медицински персонал.

 

12.11.2024 - 09:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега