Таравари: Сега не е време за Закон за бранителите и тој нема да се третира

Сега не е време да се разговара за Законот за бранителите и тој не треба да се третира, смета Министерот за здравство Арбен Таравари, во име на коалицијата Вреди.

„Не знам зашто се драматизира и Законот за бранители.

Ова е седми пат Законот за бранители е донесен 2002, 2005, 2007, 2009, 2015, 2013.

Сега, мислам дека не е моментот за да се разговараат такви теми, така да мислам дека таа точка сега за сега нема ни да се третира, нема ни да помогне.

Меѓутоа, ништо трагично, зошто толку драматизираат овие партии кои што се опозициски, посебно албански. Сите имаат изгласано шест пати таков закон така да јас, мислам дека не е моментот за тоа да се разговара“ – рече Таравари

Законот за бранителите на предлог на СДСМ минатата недела влезе во собраниска процедура откако мнозинството одлучи дека има потреба тој да биде донесен.
Но комисијата на која што треба да помине овој закон ја води етнички Албанец, пратеничката Илире Даути која одбива да ја закаже седницата. Новиот Деловник на Собранието во вакви ситуации го обврзува Претседателот Африм Гаши да ја закаже седницата но тој се долучува да го крши Деловник по само неколку месеци мандат. Од неговиот кабинет одбиваат да одговорат врз основа на кој член од Деловникот Гаши не ја закажува седницата имајќи предвид дека новиот Деловник кој почна да важи со овој собраниски состав беше конструиран за да спречи токму вакви ситуации.

16.09.2024 - 14:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега