Таравари: Среќен Бајрам, празникот на пријателството и толеранцијата
Кандидатот за претседател на ВРЕДИ, Арбен Таравари денеска започна со бајрамското празнување од Саат џамијата во Гостивар.
„Денеска е Бајрам и би ја искористил приликата на сите муслимани да им им ги честитам бајрамските празници. Празници кои се познати по толеранција и пријателство. Им посакувам што поубави моменти да поминат со нивните семејства“ честиташе Таравари.
10.04.2024 - 10:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа