Таткото на Фросина: Во автомобилот имало уште тројца сведоци, совозачот ја избришал снимката од несреќата во неговиот телефон

 


Во изјава таткото на Фросина порача дека „никој не обрнал внимание на повеќето сведоци кои биле прикриени и должни да одговараат пред законот за уништување на клучни докази, како совозачот Лорен кој додека се возеле, снимал со неговиот телефон и потоа таа снимка ја избришал“.

-Лорен е син на познат скопски кафанџија и затоа ја има целата заштита од системот. Судот е чиста мафија и вакви убијци ги штити и такви пресуди носи. Наместо Лорен како клучен сведок да добие кривична пријава за уништување на докази за убиство…Многу поголема ќе беше казната за Васо, но и за другите тројца во возилото. Овој систем ги сокри и треба да одговара за соучество во убиство, додаде Тодор.

13.05.2025 - 11:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега