Таткото на Луис Дијаз: Без сон бев 12 дена

Татко на фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз, откри детали од неговото заробеништво откако беше киднапиран кон крајот на октомври. Тој 12 дена беше во рацете на киднаперите, кои го ослободија во четвртокот.

За време на прес-конференција, 58-годишниот Луис Мануел Дијаз рече дека „речиси 12 дена минал без сон“ и дека морал да издржи „многу напорно возење, дожд и планини“, пренесе „скај спорт“.

 

За среќа, никој не го малтретирал.

 

„Ми рекоа само да бидам смирен. Иако третманот беше добар, не се чувствував удобно“, изјави Луис Мануел Дијаз.

 

Тој и неговата сопруга беа киднапирани од вооружени лица на мотоцикли на бензинска пумпа во градот Баранкас, во близина на границата на Колумбија со Венецуела, во саботата, на 28 октомври.

 

Неколку часа подоцна, полицијата успеала да ја спаси мајката на фудбалерот откако биле поставени блокади на патиштата, но не успеале да го лоцираат таткото. Имаше стравувања дека тој бил прошверцуван преку граница, што би значело дека ќе бил надвор од дофат на колумбиската полиција.

 

Понудена е награда од 48.000 американски долари за информации што ќе ја водат полицијата до киднапираниот маж.

 

Како што подоцна беше објавено, Луис Мануел Дијаз на крајот бил ослободен од герилците од Ослободителната национална армија (ЕЛН). Потоа беше предаден на хуманитарната комисија на ОН, црквата и медицинскиот персонал во регионот Серанија дел Периа.

 

 

11.11.2023 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега