Тажна судбина на Сириец - загубил 25 члена од семејството во земјотресот

 

Сириски бегалец загуби 25 роднини во земјотресот што ги опустоши Турција и Сирија откако целото негово семејство „побегна од војната за да најде засолниште“.

Ахмад Идрис вели дека повеќето членови од неговото семејство загинале во катастрофата во Саракиб, Сирија.

„Судбината нè стигна“, рече Идрис, кој денеска ги посети телата на своите најблиски во мртовечницата.

Држејќи се за својот мртов внук, тој рече: „Срцето ми е скршено, не мислев дека може да се случи вакво нешто. Ја изгубив ќерка ми, два од нејзините синови – мислам на моите внуци.

„Станува збор за вкупно 25 луѓе“, изјави тој за „Скај њуз“.

Идрис и неговото семејство побегнале од татковината за да најдат засолниште во Саракиб во 2012 година, кој сириската армија го вратила во 2020 година, пишува „Јутарњи.хр“.

„Бегавме од војната. Видете ја неправдата што нè прогонува и што ни се случи. Дојдовме овде да најдеме безбедно засолниште за нас и нашите деца. Но, на крајот, погледнете каква судбина нè зафати овде“.

Вкупниот број загинати во земјотресот се искачи на 16.000, но се очекува бројот на жртвите да достигне 20.000 лица.

09.02.2023 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега