Тажна вест: Почина познатиот македонски писател после борбата со коронавирусот
Утрово, во градската болница во Охрид, како последица на компликации од корона, почина македонскиот писател Тоде Илиевски, поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар.
Роден е на 7 март 1952 година во с. Мраморец , Охридско . Завршил Филолошки факултет во Скопје . Работел како просветен работник во повеќе места во Западна Македонија. Бил директор на Радио Дебар и на библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година. Учествувал во работата на редакциите на „Јужен бран“, „Спизалит“, „Радосна вест“ и „Копнежи“, а бил главен и одговорен уредник на енигматските забавници „Клуч“ и „Ѕуница“.
Автор е на поетските збирки: „Ведро едро“ (за деца, 1990) „Концерт за шумите“ (1992), „Изворите во горите“ (за деца, 1999), „Зелен блен“ (2001), „Лов на Лебедовото Езеро“ (2008), „Липов чај“ (за деца, 2009), „Ќерката на поетот“ (2011) и на книгите: „8X8 by Tode Ilievski - 64 selected problems 1977 - 2002“ (шаховски проблеми, 2002) и „Приватните библиотеки во Охрид и Охридско“ (лексикон на приватни библиотеки во коавторство со Виолета Мартиновска, 2008).
Добитник е на неколку книжевни награди и признанија, меѓу кои и наградата на ДПМ „Ванчо Николески“ за најдобра стихозбирка за деца во 2010 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа