Тажна вест: Почина Сашо Михајловски синдикалниот лидер во телевизија Алфа- колегите со последен поздрав
Почина Сашо Михајловски – Сале синдикален лидер во телевизијата Алфа, роден 1970 година.
Денеска колеги од телевизијата се простуваат од Сале во емотивни објави на социјалните мрежи. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) со длабоко и искрено жалење информираше за смртта на Михајловски.
„Загубивме голем другар, борец, синдикалец и пред се човек кого колегите неизмерно го почитуваа, на кого му ја доверија борбата за нивните права како вработени во Алфа ТВ, а која тој без трошка штедење и со многу саможртва ја исполнуваше. Сале беше професионалец во својата работа, омилен колега меѓу вработените, а пред се беше човек подготвен да им помогне на другите, стои во соопштението од ССНМ.
Неговите колеги од синдикатот велат дека Сале бил тивок и мирен, но упорен и истраен и некој кој не трпел неправди.
И тоа му беше главната водилка во синдикалната борба. Велеше: „Лесно е да се откажеш, но не се откажувам, ќе одам до крај, бидејќи сме во право” . И така постапуваше, никогаш не се откажа од борбата. Последната битка му беше организирање штрајк поради неисплатената септемвриска плата, велат од ССНМ.
Сале бил борец но не се избори со најважната битка, битката за животот.
Погребот е во среда во 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа